Состојба со коронавирусот до 20 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 338. 259 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14.457, а оздравеле 96.958 лица.

-Германската канцеларка Ангела Меркел мора да оди во домашна самоизолација бидејќи била во контакт со лице заразено со коронавирус, изјави вечерва нејзиниот портпарол.

-Американскиот сенатор Ранд Пол е позитивен на тестот за коронавирусот. Сенаторот е сместен во карантин и засега добро се чувствувал.

-Во Италија во последните 24 часа починаа уште 651 лице, со што вкупната бројка на жртви сега изнесува 5.476. Бројот на инфицирани од денеска е зголемен за нови 5.560 и сега вкупната бројка на заразени изнесува 59.138.

-Во Велика Британија од коронавирус умреа уште 47 лица, со што вкупниот број на жртви во полседните 24 часа асе зголеми на 281, соопошти денеска владата.

-Во Словенија вечерва е регистрирана втората жртва од коорнавирусот. Досега се заразени 414 лица.

-Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија денеска е зголемен за 61 и сега изнесува 367, соопшти кризниот штаб.

-Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека денеска е потврден првиот смртен случај од коронавирус во земјата. Во земјата има 34 потврдени случаи на заразени.

-Во Хрватска до 16 часот попладнево беа забележени 19 нови случиа од утринава со што сега вкупниот број на заразени изнесува 254, соопшти министерот за здравство Вили Берош.

-Во Србија до вечрва се потврдени уште 34 случаи на коронавирусот со што вкупниот број на заразени сега скокна на 222.

-Во Мозамбик денеска е потврден првиот случај на заразен со Ковид-19 , соопшти министерот за здравство Арминдо Тјаго.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски