Сорос ќе донира една милијарда долари на универзитети

Од:

Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос планира да донира една милијарда долари на универзитети, со цел зајакнување на демократијата и едукација на протераните заедници.

Tој сака да ги поврзе постоечките универзитети низ светот, како одговор на глобалното затоплување, протестните движења во светот и политичките трендови.

Минатата година најголемите сили – САД, Кина и Русија – останаа во рацете на диктаторите или на оние што сакаат да бидат диктатори, а бројот на авторитарни лидери продолжи да се зголемува, изјави 89-годишниот милијардер на вечерата што се организира секоја година на Светскиот економски форум во Давос.

Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ), основан и финансиран од Сорос, ќе биде дел од мрежата.

Сорос минатата година мораше да го премести ЦЕУ од Будимпешта во Виена, откако Унгарија легално ја спречи работата на ЦЕУ.
Дел од средствата на Сорос ќе бидат наменети за студенти бегалци и затвореници, студенти Роми и Рохинџи.

Сорос ги критикува политичарите како што се американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а тој е обвинет од екстремната десница за промовирање и финансирање на илегална масовна миграција во Европа.

Би можело да ве интересира

Сорос: ЕУ ќе се распадне како Советскиот Сојуз

Џорџ Сорос личност на годината во изборот на „Фејненшал Тајмс“

Наум Локоски