Соработник на Џулијани: Трамп се обиде да влијае на Украина

Од:

Близок пријател на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека Трамп бил директно вмешан во обидот да влијае на Украина за да го истражи демократскиот ривал Џо Бајден.

Лев Парнас рече дека во мај, на барање на Џулијани, тој му дал ултиматум на идниот претседател на Украина дека ниту еден висок американски функционер нема да присуствува на неговата инаугурација и дека основната американска безбедносна помош ќе биде намалена ако не биде најавена истрага за Бајден.

Според него, Трамп бил запознат со напорите на Џулијани да се дојде до истрагата и редовно бил информиран за тоа што се случува.

Како што се наведува, доколку се воспостави дека тоа е точно, тоа би можело да ја минимизира одбраната на Трамп.

– Претседателот Трамп точно знаеше што се случува. Тој беше запознаен со сите мои потези. Јас не би направил ништо без согласност на Руди Џулијани или на претседателот, рече Парнас.

Трамп вчера негираше дека го познава Парнас, и покрај бројните фотографии на кои е со него.

– Сум запознал илјадници и илјадници луѓе како претседател и направив илјадници фотографии, рече Трамп.

Џулијани рече дека изјавата на Парнас е „тажна“.

– Жал ми е. Мислев дека тој е чесен човек. Сум згрешил, рече Џулијани.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина