Сопругот на Јулија Тимошенко се обидува да ја префрли во Германија

Од:

Сопругот на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која во својата земја отслужува седумгодишна затворска казна се обидува да ја префрли во Германија.

Според чешките медиуми, Олександр Тимошенко најмил американска фирма која ќе лобира кај американските власти и членови на Конгресот да го поддржат барањето на германската канцеларка Ангела Меркел за префрлување на експремиерката во болница во Берлин.

Јулија Тимошенко е обвинета за склучување на неповолен договор за купување на руски гас и нанесување штета на државата. Нејзиното притворање предизвика силни протести во САД и во земјите на ЕУ, обвинувајќи ги украинскиот претседател Виктор Јанукович за злоупотреба на правниот систем за политички цели.

Сопругот на Јулија побара азил во Чешка обвинувајќи ги украинските власти за притисоци врз неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина