Сопругата на украинскиот претседател Зеленски позитивна на коронавирус

Од:

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена,  била тестирана позитивна за коронавирусот, соопштија украинските медиуми.

Како што соопшти кабинетот на Зеленски, тестирани се и претседателот и нивните деца, чии примероци биле негативни.

Во соопштението се наведува дека Олена Зеленска е изолирана од другите членови на семејството, нема никакви симптоми и се чувствува добро. Украинските меидуми наведуваат дека не е јасно каде и кога Зеленска се заразила.

За потсетување, претседателот Зеленски претходно изјави дека планира и намерно да се зарази за да покаже колку е сериозна опасноста.

Сите лица со кои Олена Зеленска била во контакт се информирани за потенцијалниот ризик од инфекцијата.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Украина се доближува до 30.000.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот