Сондленд: Администрацијата ја услови посетата на Зеленски со истрага за синот на Бајден

Од:

Постојаниот претставник на САД во ЕУ, Гордон Сондленд, синоќа даде исказ зад затворени врати во Претставичкиот дом во рамки на истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Според некои американски медиуми, во рамките на сослушувањето тој изјави дека Трамп вршел притисок врз украинскиот претседател, Володомир Зеленски, Украина да почне антикорупциска истрага за компанијата „Бурисма“ во која работел синот на неговиот политички опонент, Џо Бајден.

-Џулијани истакна дека претседателот (Трамп) сака Зеленски отворено да даде изјава дека Украина почнува со овие антикоруциски прашања…Џулијани посебно ги истакна изборите во 2016 година (вклучително и серверот на Демократската партија на САД) и Бурсма. Имено тие две антикорупциски теми имаат значење за претседателот Трамп, изјави Сондленд.

Според него, средбата Трамп-Зеленски била под знак прашања, бидејќи претседателот не сакал да се среќава доколку неговиот украински колега не ги исполни дадените услови.

Во текот на маратонското деветчасовно сослушување, Сондленд укажа дека лично бил против тоа односите со Украина да ги води Руди Џулијани, личниот адвокат на Трамп, но дека сепак почнал да се координира со него, чии барања биле „приоритет за Киев да биде истрага за политичките ривали на Трамп“, вклучувајќи го и поранешниот потпретседател.

Бајден е во трка за номинацијата претседателски кандидат од демократите за изборите во 2020 година.

Минатата недела администрацијата се обидуваше да го минира сослушувањето на Сондленд, но демократите испратија официјална покана која би влечела судска разврска ако се одбегне.

Исказите на Сондленд имаат посебна важност за истрагата, бидејќи претходно обелоденетата СМС преписка и изјавите на другите сведоци укажуваат на тоа дека тој играл една од клучните улоги во дијалогот со Украина, темел на истрагата за импичмент.

Истрагата оваа недела се интензивираше со сослушување на уште двајца високи официјални лица, со Фиона Хил, поранешен советник на Трамп, и со Лора Купер, заменик помошник секретар за одбрана.

Хил, која две години работеше како советник за национална безбедност на претседателот и e експерт за Русија, исказ даде во понеделникот. За денеска пак е закажано сослушување со Купер, која во Пентагон ги курира односите со Русија и Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски