Сомнеж за појава на коронавирусот во Велика Британија

Од:

Британски медиуми денеска објавија дека коронавирусот најверојатно пристигнал во Велика Британија, откако двајца кинески државјани биле хоспитализирани во Шкотска со симптоми слични на грип.

Се претпоставува дека патниците пристигнале од кинескиот град Вухан, од каде се шири епидемијата на новиот вирус од кој досега починаа 17 луѓе, а потврдени се над 600 случаи на заразени.

Тестовите, кои им се направени во болницата, досега не го исклучуваат коронавирусот, пишува „Дејли мејл“, додавајќи дека пациентите се наоѓаат во изолација во Универзитетската болница Кралица Елизабета во Глазгов.

„Дејли рекорд“ наведува дека кинеските патници пристигнале во Лондон минатата недела пред да заминат во Шкотска.
Претходно денеска случаи на заразени лица од новиот коронавирус потврдени се и во Виетнам, Сингапур и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Британија ќе чека да поминат изборите во САД, па ќе одлучи за екстрадицијата на Асанж

А1он

Лондонскиот градоначалник бара да се забрани одење по гости во време на пандемија

А1он

Прогласен карантин во најголемите градови во Велс

А1он

Шпанија се подготвува за целосна блокада на Мадрид поради Ковид-19

А1он

Астра Зенека нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни несакани дејства

А1он

Борисов: Нема да ги затвораме градовите и да воведуваме нови ограничувања за луѓето

Горјан Грнчаровски