Сомалискиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Хасан Али Каир

Од:

Сомалискиот Парламент со мнозинство гласови денеска му ја одзеде довербата на премиерот Хасан Али Каир.

Претседателот на земјата, Мохамед Абдулахи Мохамед, по гласањето изјави дека ја прифатил одлуката на пратениците и дека наскоро ќе избере нов премиер, потенцирајќи дека е важно да се зачува единството на власта, пренесуваат британските меидуми.

Гласањето за недоверба се одржа како резултат на критиките кон премиерот Каир за безбедноста во земјата, како и заради кавгите за тајмингот на оддржување на изборите.

-За недоверба кон Али Каир гласаа 170 пратеници, додека само осум беа против, рече претседателот на сомалскиот Парламент. Тој додаде дека премиерот не успеал во обидот националните сили да ја зголемат безбедноста во земјата. Покрај тоа, гласањето за недоверба во премиерот се оддржа и заради расправиите за тоа кога да се одржат избори во земјата.

Премиерот, претседателот и претставниците на регионалните влади неделава се обидоа да постигнат договор за тоа дали изборите треба да се одржат во февруари следната година.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија