Сомалија: Гранати експлодираа во зградата на Владата

Од:

Девет минофрлачки гранати експлодираа во зградата на Владата во сомалискиот град Дусмареб, каде во истиот момент се наоѓал и претседателот Мохамед Абдулахи Мохамед.

Засега нема информации за евентуални жртви, а властите се сомневаат дека за нападот е одговорна исламистичката терористичка група Ал Шабаб, поврзана со мрежата Ал Каеда.

Претседателот пристигнал вчера во Дусмареб на преговори со петмина регионални лидери околу претстојните претседателски и парламентарни избори. Мандатот на шефот на државата истекува на 8 февруари, а датумот за одржување на изборите се уште не е одреден поради несогласувања.

Мохамед Абдулахи Мохамед најави дека планира да се кандидира на претстојните избори, а главниот состанок со регионалните лидери беше закажан за денеска.

Обезбедувањето околу владината зграда во Дусмареб е зајакнато, а низ градот патролираат воени единици.

Во истиот град претходно денеска одекна експлозија и во близина на аеродромот. Медиумите објавуваат дека станува збор за обид за убиство на командантот на сомалиската копнена војска, но досега нема соопштение за неговата состојба.

Би можело да ве интересира

Најмалку тројца загинати при самоубиствена напад во Могадишу

Ана Ололовска

ВИДЕО: Страотна експлозија разнесе комбе со фудбалери во Сомалија, петмина загинаа

Жарко Настоски

Осум лица загинаа при експлозија во Могадишу

Ана Ололовска

Над 100 загинати во нападите на исламистите од Ал-Шабаб врз двете воени бази во Сомалија

Ана Ололовска

Најмалку 23 загинати во исламистичките напади врз две воени бази во Сомалија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Масакр во Сомалијa – бомбаш самоубиец со кола влета во толпа и уби најмалку 20 луѓе

Жарко Настоски