Сомалија ги прекина дипломатските односи со Кенија

Од:

Сомалија денеска ги прекина дипломатските односи со соседна Кенија, обвинувајќи ја за мешање во внатрешните работи, во време кога во оваа земја почнаа протести и дојде до престрелки во главниот град Могадишу заради одложените избори.

Сомалискиот министер за информации, Осман Дубе, сооопшти дека сите сомалиски дипломати во рок од седум дена треба да се повлечат од Кенија, а сите кениски дипломати да си заминат од Сомалија, пренесуваат британските медиуми.

-Сомалија ја донесе ваквата одлука по уште едниот обид за мешање во нашите внатрешни работи. Актуелната кениска Влада постојано предизвикува проблеми во Сомалија, рече Дубе во изјавата за Радио Могадишу.

Кениската Влада се уште не реагирала на одлуката, наведуваат британските медиуми.

Сето ова се случува во време кога во главниот град Могадишу избија антивладини протести во кои демонстрантите го кренаа гласот против претседателот Мохамед Абдула Мухамед Фармаз и одложените избори за двата дома на парламентот поради несогласувањата околу составот на изборните одбори.

Вооружени мажи во цивилна облека, кои ги чуваа демонстрантите, почнаа да разменуваат оган со полицијата, принудувајќи ги демонстрантите да бегаат, а сведоците потврдија дека има и повредени.

Британските медиуми пренесуваат дека сомалиската Влада се уште нема издадено официјално соопштение за протестите и инцидентите.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска