Сомалиец во Италија со нож нападна четири жени и дете

Од:

Италијанската полиција уапси сомалиски барател на азил откако во саботата вечер со нож избоде четири лица и шестгодишно дете во туристичкиот град Римини.

Истражителите засега исклучуваат терористички напад.

Министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе го опиша инцидентот како „исклучително сериозен“ и во соопштението наведе дека во понеделник ќе дојде во Римини на безбедносен состанок.

Италијанските медиуми јавуваат дека маж избодел две контролорки на билети во автобус, а потоа во бегство уште три лица, меѓу кои и едно дете.

Сомалиецот (26) престојувал во Италија неколку месеци и поднел барање за азил. Тој е во Европа од 2015 година и веќе аплицирал за статус на бегалец во Данска, Шведска, Германија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски