ВИДЕО: Солзавец и уапсени во повеќе европски држави по протестите против рестриктивните мерки

Од:

Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19.

Во Германија граѓаните воглавно протестираа поради рестриктивните мерки, но имаше и демонстрации на таканаречените теоретичари на завера, противниците на вакцините, екстремните левичари и ултрадесничари.

Протести имаше во Берлин, Минхен, Штутгарт и во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец за да ги раздели 800-те левичари и десничари, а приведени се неколку лица.

Во Варшава се одржа протест на работодавачите поради рестриктивните мерки. Полската полиција приведе десетина лица, меѓу кои и еден опозициски сенатор, а употреби и солзавец. Протестот не беше дозволен.

Во Хајд парк во Лондон се одржа протест против карантинот, но и вакцините.

„Скотланд јард“ соопшти дека се уапсени 13 лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда