„Сојуз МС-16″, со тројца космонаути, се закачи за Меѓународната Вселенска Станица

Од:

Вселенскиот брод „Сојуз МС-16″, што е пилотиран од тројца космонаути, денеска со автоматски режим на наведување се закачи за Меѓународната вселенска станица (МВС), јавија светските агенции.

Со бродот за долги мисии на „МВС“ пристигнаа руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер и американскиот астронаут Крис Касиди.

Екипажот прво ќе ја провери процедурата на херметичко закачување за МВС и ќе го израмни накривувањето меѓу бродот и МВС, по што Иванишин, Вагнер и Касиди ќе можат да влезат во станицата.

Претходно, Иванишин изрази мислење дека во следните неколку месеци МВС ќе биде најбезбедното место во време на пандемијата од коронавирусот на Земјата.

Ракетата носач „Сојуз-2.1а” беше истрелана претпладнево од космодромот Бајконур.

Тричлениот екипаж на МВС ќе мине 196 денови, а за овој период е планирано да изврши над 50 научни истраживања и експерименти.

Би можело да ве интересира

НАСА за првпат лансира сонда со екипаж и повеќекратна ракета на СпејсЕкс

Жарко Настоски

ВИДЕО: Успешно лансирана ракетата „Фалкон-9“ на „СпејсЕкс“ со четворица астронаути

Жарко Настоски

На арапскиот космонаут на МВС му се зголемила главата

А1он