Соборениот претседател на Судан претрпе мозочен удар

Од:

Соборениот судански претседател Омар ал Башир претрпе полесен мозочен удар и неговата здравствена состојба е стабилна, соопштија лекарите.

– Башир претрпе полесен мозочен удар, а неговата здравствена состојба е моментно стабилна, изјави неименуван член на медицинскиот тим кој се грижи за Башир.

Истиот извор истакна дека психичката состојба на Башир е се потешка.

– Тој одбива храна и лекови, а терапијата ја прима без сопствена волја, нагласи лекарот.

Претходно, суданските безбедносни служби во домот на Башир, кој е под истрага за перење пари, пронашле големо количество на банкноти на евра, американски долари и судански фунти, во вкупна вредност од над 130 милиони долари. Претставник на Обвинителството соопшти дека биле пронајдени куфери со шест милиони евра, 351.000 долари и пет милијарди судански фунти (105 милиони долари).

Башир, кој управувал со Судан од 1989 година, беше сменет со воен удар пред десет дена, по повеќемесечни масовни антивладини протести низ државата.

За Башир е распишана и меѓународна потерница, бидејќи Меѓународниот кривичен суд во Хаг го товари за извршени злосторства против човештвото за време на кризата во Дарфур.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска