Собјанин: Во Москва е можно есенско влошување на епидемиолошката ситуaција

Од:

Во текот на есента може да дојде до комплицирање на епидемиолошката состојба во Москва, пред се, поради почетокот на учебната година и враќањето на граѓаните од одмор, предупреди денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Пандемијата на коронавирусот не е завршена, туку, напротив, есенва може да се соочиме со влошување на состојбата. Децата тргнаа на училиште, студентите на универзитети и многу луѓе се вратија од своите колиби, и сето тоа ќе создаде услови за одредено зголемување на бројот на заразени “, напиша Собјанин на Интернет за градот што го раководи, а во кој епидемиолошката состојба во последните неколку недели значително се подобри.

Собјанин истакна дека помали, локални жаришта на вирусот се можни во некои компании, канцеларии и училишта, кои ќе мора да бидат затворени или да се префрлат на работа од дома, односно онлајн настава.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски