Со секира го убил љубовникот на неговиот поранешен партнер

Од:

Италијанец се изјаснил за виновен за убиство на новиот љубовник на неговото поранешно момче, откако ги начекал како се враќаат од одмор, облечен како жена во бунда со дезен на леопард и долга руса перика.

Џанлука Рос (48), ги чекал на скалите пред станот, во Осло, Норвешка, облечен во бунда и со долга руса коса, кога неговото поранешно момче и новиот љубовник се враќале од одмор од Канарските острови, на 15 ноември 2014 година.

Тој го нападнал Јорн Хазби (40) со секира, при што го убил, а неговиот поранешен партнер на возраст од 36 години го избодел со нож, при што му нанел животозагрозувачки повреди.

Пред судот 36-годишникот кажал дека претходно бил во романтична врска со Рос, но дека почнал да се плаши откако почнал да добива гневни телефонски повици додека бил на одмор со Хазби.

„Видов жена во бунда, и помислив дека можеби се изгубила, но тогаш таа нападна“, сведочи тој.

Во судот Рос рекол дека не сметал дека врската со 36-годишниот маж му завршила, па одлуката на неговиот љубовник да замине со друг на одмор го збеснала.

„Сакав да се самоубијам, но гласот во мојата глава ми рече `Зошто мора да умреш сам`?, сведочел тој пред судот.

Неговиот адвокат вели дека Рос, кој го признал убиството, тешко ја прифаќа ситуацијата и кривичното дело кое го направил.

„Тој, во основа, не е криминалец. Се наѓол во трагична ситуација, а причините ќе ги објасни на суд. Знаејќи дека одзел живот и речиси уште еден, го јаде од внатре“, вели за норвешката телевизија TV2, адвокатот.

Според некои медиуми, Рос претходно бил обвинет за обид за убиство во Велика Британија.

Неговиот поранешен партнер кој преживеал, страда од голема траума.

„Ќе биде многу тешко за него по сè на што сведочеше и што доживеа. Се надева дека судењето ќе заврши што поскоро“, вели неговата адвокатка. „Физички, тој е здрав, но траумата што ја доживеа го прави болен, и сè уште целосно не се вратил на работа“.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска