Со посета на седиштето на НАСА, Макрон ја почна посетата на САД

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во САД, каде домаќин ќе му биде неговиот американски колега Џо Бајден. Се очекува на врвот на агендата на разговорите да биде поддршката за Украина.

Макрон денеска имаше средба со потпретседателката Камала Харис, со која го посети седиштето на НАСА. Целта на заедничката посета на НАСА е потенцирање на меѓусебната соработка за вселенската технологија.

За време на средбата со францускиот лидер, Харис рече дека Франција е „витален сојузник“ на САД, додека обајцата ја истакнаа важноста на нивната вселенска соработка.

Во јуни, Франција го потпиша Договорот Артемида, кој има за цел да ја поддржи целта на НАСА за враќање на луѓето на Месечината до 2024 година. Во истиот месец, САД се приклучија на француската иницијатива за развој на алатки за прилагодување на климатските промени.

Макрон и неговата сопруга, исто така, треба да се сретнат со Џо и Џил Бајден на приватна вечера, подоцна во текот на денот. Утре Макрон ќе присуствува на официјалната церемонија за пречек, чиј домаќин ќе биде Бајден во Белата куќа.

Истиот ден, лидерите треба да разговараат за иранската нуклеарна програма, зголемената „надменост“ на Кина во Индо-Пацификот и зголемената загриженост за безбедноста во африканскиот регион Сахел.

По разговорите, Макрон и неговата сопруга ќе присуствуваат на државната вечера со музичарот Џон Батист, кој треба да настапи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години