Со помош на апликација во Индија споени исчезнати деца со семејствата

Од:

Индиската полиција поврза илјадници исчезнати деца со нивните семејства со помош на апликација за препознавање лица, за која велат дека ќе ја „сменат играта“ во решавање на тој проблем.

Секоја година во Индија исчезнуваат илјадници деца, од кои голем број се продаваат за да просат, работат во ресторани, занаетчиската индустрија, фабрики и бордели.

Полицијата во јужната држава Теландан разви апликација за препознавање лица во рамки на „Операција осмев“, која има за цел решавање на проблемот со злоупотреба на детскиот труд и исчезнати деца.

– Резултатите се охрабрувачки, изјави Свати Лакра, висок официјален претставник, кој ја контролира кампањата.

Тој додаде дека претходно дека било предизвик да се работи со деца кои биле спасени, истакнувајќи дека долгорочното сместување деца во прифатилишта, на долги стази, не е идеално решение.

– Пронаоѓањето на нивните семејства и испраќањето дома е императив, рече тој.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка