Со пола чоколадо преживеал четири дена во Алпите

Од:

Речиси четири дена во швајцарските Алпи, спасители трагале по Британецот Даниел Хант (33 г.). После четири дена виделе натпис СОС направен од гранки, во близината на една засекотина на планината во која Даниел се засолнил од студот. Единствено што носел со себе било пола чоколадо.

Даниел како натпреварувач учествувал во „брзинско летање“(комбинација од параглајдинг и скијање). Набрзо после полетувањето, Даниел имал проблеми па морал принудно да слета во теснец длабок 80 метри. Неговото исчезнување го пријавил неговиот пријател, откако Даниел не се појавил на целта во близина на Берн.

После пронаоѓањето, исцрпениот Даниел Хант бил пренесен во болница. Констатирано е исчашување на зглобот на ногата.

Посебно е благодарен на своите пријатели, кои во интернетска акција собрале 14 илјади фунти, бидејќи осигурителната куќа на Хант одбила да продолжи да ги плаќа хеликоптерите кои биле вклучени во потрагата по Даниел.

Би можело да ве интересира

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени

На швајцарските Алпи исчезнаа шест скијачи, пронајдени се пет тела

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

(ВИДЕО) Се урна хангар во Ајдахо, има загинати и повредени

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Во Бугарија: Ученичка падна од вториот кат во училиште