Со чартер лет од Атина доброволно во Грузија се вратија 155 грузиски државјани

Од:

Со чартер лет на Меѓународната организација за миграција (ИОМ Грција), 155 грузиски државјани од Атина доброволно се вратија во Грузија во рамките на програмата за помогнато и доброволно враќање и реинтеграција на мигрантите во нивната земја на потекло, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според надлежното Министерство, од почетокот на програмата во септември 2019 година, над 9.100 мигранти безбедно се вратиле во своите земји на потекло.

Проектот е кофинансиран со 75 отсто од европските фондови и со 25 проценти од националните фондови и го спроведува Меѓународната организација за миграција во соработка со Службата за азил на Министерството за миграција и азил на Грција и грчката полиција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Премиерот на Грузија му порача на Зеленски да си ги гледа проблемите во неговата земја

Катерина Павлова-Николовска

Демонстрантите во Грузија бараат оставка од проруските власти

Во Грузија на слобода се сите уапсени поради протести против прописите за „медиуми-агенти на странско влијание“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демонстрантите ја добија битката, Грузија го повлече спорниот закон за „странски агенти“

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Вирална снимка од Грузија: Жена го вее знамето на ЕУ, не и пречи млазот од воден топ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Жестоки протести, нереди и апсење во Грузија поради законот за странски агенти