Снимател на Фокс Њуз загина во Украина

Од:

Снимателот на Фокс Њуз, Пјер Закрзевски, загина во Украина, откако било погодено со рафален оган возилото во кое патувал објави американската мрежа на својата веб-страница.

Закрзевски известуваше со друг новинар на Фокс њуз, Бенџамин Хол, вчера кога беа нападнати во близина на главниот град Киев. Хол останува во болница.

Претходно, украинските власти објавија дека најмалку тројца новинари се убиени, а повеќе од 30 се повредени од почетокот на руската инвазија на Украина.

Покрај американскиот новинар Брент Рено, руски војници убиле и двајца украински новинари, објави во вторникот на Телеграм украинската омбудсманка Људмила Денисова, јави ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он