Снег приземји авиони на виенскиот аеродром

Од:

Интензивни врнежи од снег го попречуваат сообраќајот од виенскиот аеродром Швехат, чија прес служба соопшти дека привремено е прекинато слетувањето авиони на тој аеродром.

– Колку долго ќе трае тој прекин не може да се предвиди, рекоа претставници од аеродромот. Тие додаваат дека авионите кои требало да слетаат во Виена се пренасочуваат кон Линц или Грац.

Воведен е и ограничен режим на полетување на авиони од тој аеродром. Многу летови се откажани, а голем дел од летовите се извршуваат со повеќечасовно доцнење.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Почнува летното сметање на времето