Смртта на Борис Березовски и натаму „необјаснета“

Од:

Смртта на рускиот олигарх и дисидент Борис Березовски (67) и натаму останува „необјаснета“, соопшти денеска британската полиција.

Березовски беше најден мртов во саботата во бањата на неговата семејна селска куќа во околината на Аскот, на четириесетина километри западно од Лондон. Мртвото тело на некогаш најбогатиот Русин го пронашол еден од неговите соработници, откако претходно морал да ја скрши вратата на бањата која била заклучена од внатре.

Според неговото објаснување дадено на полицијата, Березосвки лежел на подот облечен без видливи траги на насилство, како и без траги од крв.

Полицијата откри дека во бањата и во куќата не била најдена порака какви обично оставаат самоубијците, а ниту докази дека некој од страна бил вклучен во неговата ненедејна смрт. Експертите на полицијата трагаа и по можноста  од контаминација на куќата со хемиски, биолошки или радиоактивни материи, но според полицики извори, не е најдено ништо сомнително.

Дел од медиумите во Лондон, како и во Русија, сметаат дека Березовски изврил самоубиство поради „депресијата во која се наоѓал последниве неколку месеци“ или дека починал од масивен срцев удар.

Блиските пријатели на Березовски и познаници од неговиот круг во Велика Британија, не веруваат дека олигархот и најостриот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, извршил самоубиство.

– Тоа не личи на него. Тој беше голем борец и во неговата ДНК нема простр тој сам да си ги одземе животот, изјави писателот Јуриј Фелштински, кој последниве 15 години беше близок со Березовски.

Едно време моќниот човек од  Москва, кој му помогна на Борис Елцин да стане претседател, а потоа  и на Владимир Путин да влезе во Кремљ, неколку месеци беше под силен стрес, откако го загуби судскиот спор со Роман Абрамович пред Суд во Лондон.

Березовски го тужеше својот некогашен партнер и пријател Абрамович, за измама при откупот на акциите од нафтената компанија „Сибњефт“, но судот ја отфрли тужбата при што тој мораше да ги плати и судските трошоци во вредност од околу 100 милиони долари.

Неговата доскорешна сопруга Елена Горбунова која пристигнала во куќата по веста за смрта на Березовски, им изјавила на своите пријатели дека покрај мртвото тело била најдена една шамија, но полицијата одби да ги потврди ваквите информации.

Повеќето од пријателите на Березовски веруваат дека тој сепак е убиен, објаснувајќи го тоа со големиот број непријатели што ги имаше овој олигарх и политички дисидент.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он