Смртни закани за италијанската премиерка и нејзината ќерка

Од:

Невработен 26-годишен маж е уапсен поради смртни закани кон премиерката на Италија Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка, соопшти денеска полицијата.

Тој, наводно, не е задоволен од плановите на италијанската влада да ги намали субвенциите за невработените.

Сицилијанец е под истрага за закани преку Интернет, неговата куќа е претресена, а неговиот профил на Твитер е баниран, се вели во соопштението на полицијата.

Мелони, која е на власт од октомври, смета дека работоспособните граѓани не можат бесконечно да живеат од државна помош.

Доколку предлогот помине во буџетот за 2023 година, ќе се укинат нивните бенефиции, од кои се планира да бидат изземени домаќинствата со деца, лицата над 60 години и лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски