Смртна казна за седуммина екстремисти за нападот во 2016 година врз кафуле во Дака кога беа убиени 20 лица

Од:

Специјалниот трибунал за борба против тероризмот во Бангладеш денеска на смртна казна осуди седуммина членови на забранетата екстремистичка група заради учество во напад врз кафуле во Дака, пред три години, кога беа убиени повеќе од 20 лица.

Судијата Модџибур Рахман ги прогласи за виновни припадниците на групата „Џуматул муџахедин“, меѓудругото, и за планирање на нападот, составување бомба и за убиство.

Пресудата ја изрече во преполна сала, каде беа спроведени силни мерки за безбедност.

Петмина екстремисти на 1 јули 2016 година го нападнале и отвориле оган врз кафулето „Холи Аристан“, при што земале дел од гостите за заложници.

Во нападот беа убиени 20 заложници, меѓу кои и 17 од Јапонија, Италија и Индија. Драмата траеше полни 12 часа по што командосите ги убиле екстремистите, потестуваат американските медиуми.

Првично исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, што владата на Шеик Хасин го отфрли, тврдејќи дека за тоа е одговорна екстремистичката група од земјата.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска