СМО: Топлотните бранови пред поечтокот на летото во Европа се најава за она што следува

Од:

Топлотните бранови ќе се случуваат сè порано и сè почесто во иднина, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), посочувајќи на топлотните бранови кои зафатија делови од Европа оваа година уште пред официјалниот почеток на летото.

– За жал, денес сме сведоци како ќе изгледа иднината, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација.

Екстремно високите температури кои се проширија од Северна Африка во јужна Европа, а се очекува да ги погодат Швајцарија и Германија овој викенд, според СМО се покарактеристични за јули и август.

– Во некои делови на Шпанија и Франција, температурите неодамна се зголемија за повеќе од 10 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината, рече Нулис.

Шпанија, Португалија, Унгарија и Србија, исто така, се погодени од суша, додека предупредувања за топлотни бранови беа издадени надвор од Европа за речиси една третина од населението на САД оваа недела.

– Како резултат на климатските промени, топлотните бранови почнуваат порано, стануваат почести и посилни поради концентрациите на стакленички гасови во атмосферата кои се на рекордно ниво, потенцира Нулис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

ВИДЕО: Во САД е толку жешко што чуварите на парк испекоа колачиња во автомобил

МТСП апелира да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран

Горан Наумовски

Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита од високите температури

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Топлотен бран низ Европа, земјите воведуваат посебни мерки, се очекуваат до 49 степени Целзиусови

Горан Наумовски