Службеник на ОБСЕ во Луганск осуден на 13 години затвор за велепредавство

Од:

Судот во самопрогласената Луганска Народна Република денеска изрече 13-годишна затворска казна на вработен во Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) во регионот.

Судскиот одбор го прогласи Дмитри Павлович Шабанов виновен за кривично дело „велепредавство“, извршено во периодот од август минатата до април оваа година. Според обвинението, тој во посочениот период како локален службеник ангажиран од ОБСЕ доставувал доверливи информации на американските служби околу распоредувањето воена техника и персонал на локалните оружени сили.

Дмитриј Шабанов бил ангажиран како помошник соработник за безбедност во истурената база на ОБСЕ во Стаханов. Тој во април годинава беше приведен од луганските власти заедно со уште еден негов колега од ОБСЕ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија