Службеник на НАСA: Видов двајца мажи како одат по површината на Марс

Од:

Жена, која порано работела во НАСА тврди дека видела две суштества како шетаат по површината на Марс додека ги прегледувала фотографиите испратени од роверот Викинг Марс Лендер во 1979 година.

Жената која е претставена само со името Џеки, вели дека додека работела за НАСА се случила мистериозната случка додека била на смена во вселенската агенција. Таа тврди дека видела двајца мажи во скафандери како се движат кон роверот Викинг Лендер на Марс.

Џеки тврди дека управувала со телемтриски податоци на Викингот заедно со уште шест колеги во моментот кога инцидентот се случил. Според медиумите во САД, Џеки 30 годишниот терет се обидела да го подели со целата јавност.

-Тој стариот Викинг ровер се движеше наоколу. Тогас видов двајца мажи како во скафандери дојдоа од хоризонтот и се движеа кон Викинг експлорерт, рече Џеки во интервјуто кое го пренесува Business Times. Таа додаде дека сето тоа го гледале уште шест нејзини колеги.

Викинг Експлорер инаку е првото возило кое испрати фотографии од површината на Црвената планета во доцните 70 ти години.

-Истрачавме до горе, ја заклучивме вратата и моето прашање беше-Дали се тоа наши луѓе, рече Џеки.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“