Словенија: Верниците ќе можат да одат на миса само ако остават телефонски број

Од:

Верниците во Словенија од денеска пред да влезат на миса во црква ќе мора да го остават својот телефонски број, без други лични податоци како името, презимето и адресата.

Препораката стигна од Католичката црква, усогласена со здравствените власти, донесена со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Телефонските броеви на верниците се потребни за здравствените власти да ги контактираат доколку меѓу нив се појави случај на заболен од Ковид-19.

Верниците ќе треба да остават телефонски број само за свечените миси во недела и за празници, додека на мисите во текот на неделата се собираат помал број верници, кои вообичаено ги познава свештеникот, посочија од Црквата.

Во Словенија од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус се заразиле 1.977 луѓе, од кои 114 починале, а оздравеле 1.625 лица.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он