Словенија утре ќе одлучува за признавање на Палестина

Од:

Одборот за надворешни прашања на Собранието на Словенија утре ќе гласа по предлогот за признавање на државата Палестина. Доколку овој предлог биде усвоен од страна на Одборот, потоа за истиот ќе гласаат сите пратеници.

Израелските медиуми јавуваат дека признавањето на државата Палестина е поддржано од министерот за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец.

На негативните последици за Словенија, предизвикани од евентуално признавање, денес укажа Ејал Села амбасадорот на Израел во Словенија на состанокот со претседателот на Собранието Милан Брглез и претседателот на Одборот Џозеф Хорват во Љубљана.

Минатата недела претседателот на Словенија Борут Пахор изјави за „Франс Прес“ дека се спротивставува на признавањето на Палестина.

Доколку ја признае Палестина, Словенија, заедно со Шведска, ќе биде втората земја од Европската унија која направила таков чекор.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат