Словенија предлага заеднички патроли на границата со Италија

Од:

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар денеска изјави дека на италијанскиот колега Енцо Моверо Миланези му предложил Италија и Словенија да формираат заеднички патроли за контрола на илегалната миграција на границата.

– Нелегалните премини треба да се спречат колку што е можно поскоро и на тој начин да се даде јасен сигнал на криминалците кои сериозно ја поттикнуваат таквата нелегална миграција, рече Церар по состанокот со Миланези во Брисел, на маргините на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, италијанскиот министер позитивно ја примил иницијативата и двајцата се договориле да ја пренесат идејата на министрите за внатрешни работи, со цел и тие да ја разгледаат.

– Прашањето за безбедноста и миграцијата во ЕУ треба да се реши заеднички, така што шенгенската контрола би била непотребна, рече шефот на словенечката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Во Словенија за осум месеци 9.800 нелегални мигранти

Ренци ја напушти Демократската партија

Експлозија во италијанска рафинерија за нафта

Ана Ололовска

Политико: Поранешниот италијански премиер Ренци ја напушта Демократската партија и создава нова фракција

Ана Ололовска

Хуманитарниот брод „Викинг на океанот“ доби дозвола да вплови во Лампедуза

И Сенатот и изгласа доверба на новата италијанска Влада