Словенија и Австрија се договорија Липицанерот да се најде на Листата на УНЕСКО

Од:

Словенија и Австрија заеднички ќе работат за да може коњот Липицанер, како позната раса, да се најде на Листата на УНЕСКО за светско наследство, се договорија министрите за надворешни работи на двете земји, Миро Церар и Карина Кнајсел.

Министрите потпишаа заедничка изјава за мултинационална понуда. Таа иницијатива ќе ја вклучи и Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Италија, Романија и Словачка.

Прашањето за сопственоста на липицанерите во културна и историска смисла со години претставуваше проблем, а исто така се појави и во разговорите за пристапување на Словенија во ЕУ откако Австрија се спротивстави на одлуката на Словенија да го задржи географското потекло на расата.

Словенечката ергела во селото Липица, основана во 1580 година, е дом на познатата раса коњи, додека Австрија, од друга страна, тврди дека ергелата во близина на Грац е всушност местото од каде што потекнува Липицанерот.

Би можело да ве интересира

Во Словенија уапсени државјани на Нигерија кои превезувале мигранти

Австрискиот парламент го отфрли трговскиот договор на ЕУ со Јужна Америка

А1он

Хрватска, Словенија и Црна Гора меѓу 40 најубави земји во светот

А1он

Австрија: Војската не е во состојба да ги заштити граѓаните

Ана Ололовска

Во Словенија за осум месеци 9.800 нелегални мигранти

Партија Неос: Курц да престане да „пали“ низ Балканот

Ана Ололовска