Словенечката владејачка Партија на пензионерите бара од својата претседателка да поднесе оставка

Од:

Сите пратеници од Демократската партија на пензионери (ДЕСУС), една од четирите партии во Владата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, денеска ја повикаа претседателката на својата партија Александра Пивец веднаш да поднесе оставка бидејќи го нарушува имиџот на партијата.

– Предлагаме веднаш да поднесе неотовиклива оставка, а доколку тоа не го стори, Советот на партијата да ѝ изрече недоверба и да ја смени, изјави шефот на пратеничката група на ДЕСУС Франц Јурша.

Петтемина пратеници оценуваат дека поради Пивец партијата е обележана со афери, што, според нив, е неприфатливо.

Словенечките медиуми објавија дека Пивец, заедно со своите двајца синови, во текот на летото, за време на продолжените викенди, посетувала туристички региони, при што наводно, некои од сметките ги плаќале општините и некои бизнисмени, иако патувањата биле заведени како службени, а тршоците надоместени од државниот буџет.

На барањето на пратеничката група да одржат состанок и да даде појаснување, таа замина на годишен одмор. Претходни негираше дека е во „судир на интереси“ и дека нејзините афери се „надуени“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите