Следува нова руска офанзива предвидува Институтот за војна

Од:

Американскиот институт за проучување на војната (ISW) во својот најнов извештај пишува дека Русија се подготвува за нова офанзива, повикувајќи се на извори од Запад и во Украина и Русија.

„Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 30. јануари рече дека нема индикации дека Русија се подготвува да преговара за мир и дека сите показатели укажуваат на спротивното. Столтенберг истакна дека Русија би можела да мобилизира повеќе од 200.000 луѓе. Столтенберг истакна дека Владимир Путин ја одржува својата максималистички цели во Украина“, пишува Институтот.

И шефот на Советот на резервисти на украинските копнени сили Иван Тимочко изјави дека руските сили ја зајакнуваат својата групација во Донбас како дел од очекуваната офанзива, пишува ISW. Тој додава дека офанзивата најверојатно ќе биде во регионот на Луганск во наредните месеци.

А руските воени блогери, пишува ISW, предвидуваат руска офанзива. Тие наведуваат дека главните сили на офанзивата се уште не влегле во битка, но подготовките се во тек.

Би можело да ве интересира

Митрополитот Павел во домашен притвор, мора да носи електронска нараквица

Ана Ололовска

Јапонија со нови санкции за Москва, нема да се извезуваат детските играчки во Русија

Украинските разузнавачки агенти упаднаа во киевско-печерската лавра, митрополитот Павел во домашен притвор

Ана Ололовска

Американски генерал: Не е веројатно дека Украинците ќе победат годинава

Ана Ололовска

Шојгу: Ќе ја зголемиме понудата на муниција

Ана Ололовска

Аналитичарите предвидуваат: Украина ќе се обиде да ги преполови руските војници

Ана Ололовска