Следната недела во Осло прва средба на опозицијата и претставници на властите од Венецуела

Од:

Претставници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо ќе се сретнат за првпат „лице-в-лице“ следната недела во Осло со норвешко посредување.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и се заблагодари на норвешката Влада за отпочнување дијалог со претставниците на венецуелската опозиција и потврда на својата подготвеност за договор.

„И се заблагодарувам на Владата на Норвешка за нејзините напори за унапредување на дијалогот за мирот и стабилноста во Венецуела. Нашата делегација замина во Осло да работи на усогласување на сеопфатна агенда и потпишување добар договор”, напиша Мадуро на Твитер.

Министерството за надворешни работи на Норвешка вчера објави дека претставниците на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо донеле одлука да се сретнат во Осло.

Од средината на мај, владина комисија на Венецуела, предводена од министерот за телекомуникации Хорхе Родригез се наоѓа во Норвешка, како дел од напорите за изнаоѓање опции за приближување на односите со опозицијата. Гуаидо наведе дека контактите со Осло не е преговарање, туку обид да се воспостави дијалог, пишува весникот „Национал”.

Би можело да ве интересира

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло