Скромно одбележување на роденденот на кралицата Елизабета Втора поради Ковид-19

Од:

Поради пандемијата на новиот коронавирус, роденденот на британската кралица Елизабета Втора денеска се одбележува поскромно од вообичаено.

Наместо грандиозна воена парада во центарот на Лондон, која вообичаено привлекува илјадници туристи, оваа година почест на кралицата ѝ оддаде мала група војници и воен оркестар, придржувајќи се кон мерките за физичко дистанцирање.

По салутирањето на кралицата, на имотот во замокот Виндзор ќе се одржи воен егзерцир.

Иако роденденот на 94-годишната кралица беше на 21 април, нејзиниот „службен“ роденден традиционално се одбележува во јуни со воена парада која годинава е откажана, што е втор таков случај за речиси 70 години од нејзиното владеење. Тоа првпат се случило во 1955 година поради штрајкот на националната железница. 

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он