Скот Морисон призна пораз, Ентони Албанес ќе биде новиот премиер на Австралија

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон ја загуби власта откако земјата ја избра својата прва лабуристичка влада по речиси десет години, според локалните медиуми.

Лидерот на Лабуристичката партија, Ентони Албанес, ќе биде следниот премиер на Австралија, според проекциите на три големи информативни мрежи, пренесува Си-Ен-Ен.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека го признава поразот на денешните општи избори, додавајќи дека иако пребројувањето на гласовите не е завршено, се чини дека опозициската Лабуристичка партија ќе формира влада.

„Разговарав со лидерот на опозицијата и иден премиер Ентони Албанес и му честитав на изборната победа“, рече Морисон во телевизиско обраќање, пренесе Ројтерс.

Морисон додаде дека ќе поднесе оставка од позицијата лидер на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча