Скоро две третини од Русите ја одбиваат вакцината „Спутник В“

Од:

Повеќето Руси не планираат да се вакцинираат против коронавирусот, според анкетата објавена денеска, чии резултати ги потенцираат проблемите во кампањата за имунизација во земјата.

Русија ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, „Спутник В“, во август 2020 година, но скептицизмот кон вакцините воопшто е голем проблем во земјата, велат експертите.

Според анкетата објавена од Центарот Левада, 62 проценти од Русите не сакаат да се вакцинираат со „Спутник В“, за која претседателот Владимир Путин вели дека е „најдобрата (вакцина) во светот“.

Левада, исто така, наведе дека 56 проценти од Русите не се плашат од заразување со коронавирусот, додавајќи дека овој број не е променет од февруари.

Според социолошкиот центар, бројот на Руси кои сакаат да се вакцинираат, исто така е намален во последната година. 26 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени за имунизација, наспроти 30 отсто во февруари.

Десет отсто од учесниците во анкетата изјавиле дека веќе се вакцинирани.

– Се чини дека бројот на оние кои поддржуваат имунизирање се намалува главно поради вакцинираните, соопшти Центарот Левада.

Во анкетата учествувале над 1.600 лица во периодот од 22 до 28 април.

Русија ги укина речиси сите ограничувања воведени поради коронавирусот, а многу жители на земјата одбиваат да носат маски во јавниот превоз и на други јавни места.

Ваквата ситуација предизвика земјата да биде меѓу најтешко погодените од Ковид-19, а некои експерти велат дека состојба е уште полоша, бидејќи руските власти не известуваат реално за бројот на починати од болеста.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски