Скандал во Германија: Речиси 9.000 лица наместо вакцина примиле физиолошки раствор

Од:

Речиси 9.000 лица во Германија ќе треба повторно да примат вакцина против Ковид-19 откако беше откриено дека наместо прва доза примиле физиолошки раствор.

„ Станува збор за вкупно 8.557 лица кои веројатно се делумно заштитени со вакцинирањето иако го претпоставувале спротивното“ – велат локалните власти.

Тие ги повикаа граѓаните кои се вакцинирале во спорниот период да се пријават за да примат прва доза вакцина.

Се смета дека една медицинска сестра вработена во локалниот центар за вакцинација го користела физолошкиот раствор. Било утврдено дека физиолошки раствор примиле главно лица повозрасни од 70 години кои дошле да се вакцинираат во перидот меѓу 5.март и 21. април.

Скандалозниот случај беше откриен при крајот на април, но тогаш се претпоставуваше дека се работи за само шест лица. Осомничената медицинска сестра, на социјалните мрежи споделувала критички ставови за вакцинацијата.

Би можело да ве интересира

Германија воведува построги антиковид мерки во повеќе покраини

Катерина Павлова-Николовска

Половина од Германците не се задоволни од организацијата на вакцинација против Ковид-19

Протести во Минхен поради рестриктивните мерки за борба против коронавирусот

Катерина Павлова-Николовска

Шолц сака 80 отсто од луѓето во Германија да бидат вакцинирани до 7 јануари

Германија нема да воведува локдаун за Божик

Германија ги затвора границите за патниците од Велика Британија поради oмикрон