Ситуацијата во Венеција полека се нормализира

Од:

Венеција се враќа во нормала, откако поради плимата беше поплавена трипати во една седмица. Според метеоролошките прогнози нивото на водата се спушта, а денеска повторно се отворени училиштата, соопштија градските власти.

Околу 70 отсто од Венеција, која е под заштита на УНЕСКО, беше поплавена вчера, кога нивото на водата се искачи на 150 сантиметри над морето.

Плоштадот Свети Марко, најниската точка во градот, и натаму е поплавен и затворен за туристи, а стотици волонтери им помагаат на граѓаните да се соочат со оваа опасна и вонредна ситуација. Но, новинските екипи известуваат дека во градот престојуваат голем број туристи, повеќе од очекуваното, кои носат високи гумени чизми за да можат да одат по поплавените области на градот.

Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, изминатата недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро процени дека штетите од поплавите во градот изнесуваат околу една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Електричен автобус излета од пат во Венеција, 15 повредени

ВИДЕО: Врисоците се претворија во мртва тишина од која се заледува крвта – сведок на несреќата во Венеција

Голема истрага во Италија: Брачен пар од Србија го однесе синот во болница, лекарите не можеа да го спасат

УНЕСКО предупредува: Венеција е во опасност, со години се бори со климатските промени

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страшни сцени од Венеција: Морето се повлече, гондолите запреа, каналите пресушија