Ситуацијата во Словачка е „трагична“, владата бара ЕУ итно да испрати вакцини

Од:

Словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок ги повика партнерите во ЕУ однапред да ги испратат набавените вакцини, бидејќи земјата се наоѓа во „трагична“ ситуација со коронавирус, со рекорден број нови случаи.

Во Словачка деновиве по околу 100 луѓе дневно умираат од Ковид-19, што е најмногу во светот во однос на населението на неделно ниво.

Заклучно со вчера, земјата има 3.672 пациенти во болница со потврден коронавирус.

Иван Корчок, пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, изјави дека ќе ги информира своите колеги за сериозната, па дури и трагична ситуација со која мора да се справи Братислава.

– Ќе им се обратам, за да ги замолам, ако имаат вакцини што не ги користат во моментов, да ни ги достават, додаде тој.

Според Корчок, тоа би бил многу добар знак за соработка на ниво на ЕУ

– Целосно сум свесен дека има недостиг на вакцини и во други земји, но на Словачка во моментов и се најпотребни, нагласи министерот.

Преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Словачка побара 10 лекари и 25 медицински сестри од странство.

Во земјата се регистрирани 6.577 смртни случаи од Ковид-19. До крајот на минатата недела, 272.341 лице биле вакцинирани со најмалку една доза, нешто над просекот на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски

Драма во Словачка по телефонска закана: Ќе го повторам масакрот од Прага

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ

Фицo именуван за премиер на Словачка, положи заклетва