Сите средби Путин – Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи изрази подготвеност да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп за време на Самитот на Г-20 кој е планиран да се одржи на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака.

Но, резултатите од петте досегашни самити на американскиот и рускиот лидер не даваат надеж за некаква идна официјална средба.

Последната официјална средба Путин – Трамп се одржа пред речиси една година во Хелсинки.

Рускиот претседател сега се надева на нова средба со Трамп, со намера да се „исправат односите“ помеѓу двете земји. Ова беше пораката од Трамп, што американскиот државен секретар Мајк Помпео ја пренесе до неговите домаќини во текот на вчерашната посета на Русија.

– Најскорешната можност да се сретнам со претседателот Трамп е во текот на „дваесетката“ во Јапонија. Ако американската страна е подготвена да ги продолжи контактите во таков посебен режим. Јас укажав повеќе пати досега – ние сме отворени за разговори каде и да било, како на пример Виена, изјави Путин денеска на прес-конференцијата по средбата со претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, што се одржа во Сочи.

Кратката историја на неколкуте средби Трамп – Путин е исполнета со недоречености, конфузија и е обвиена во тајност, поради наводната вмешаност на Русија во американските избори во 2016 година и агресивната надворешна политика на Москва.

Во Вашингтон постои голем отпор, како од страна на демократите, така и од републиканците, претседателот да негува односи со авторитарни лидери како Путин или унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој имаше доста топол прием од страна на неговиот домаќин во понеделникот. Трамп тогаш го пофали Орбан за успешната антимигрантска политика на Унгарија и имплицираше дека се става во редот на такви строги лидери, како турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган или првиот човек на Никарагва, Даниел Ортега.

Неколку пати досега и за време на кампањата во 2016 година и по неговиот избор, американскиот претседател го фалеше примерот на Путин.

Демократите се гневни поради тоа што во неколку прилики, за време на досегашните пет официјалните и неофицијални средби и разговори на Трамп со Путин, американскиот претседател разговарал тет-а-тет со рускиот лидер, а потоа ги одземал белешките на преведувачите.

– Тоа е против протоколот и ги загрозува националните интереси на САД. Досега ниту еден претседател немал тет-а-тет средби без сведоци или записи од дијалогот со лидер кој отворено се претставува како непријател на САД, обвинуваат демократите.

Неодамна Комитетот за разузнавање при Претставничкиот дом побара од Белата куќа увид во документите и приватните разговори на Трамп со шефот на руската држава, бидејќи претседателот настапувал „доста помирливо со Путин“.

На прес-конференцијата во Хелсинки лани во јули, Трамп укажа дека има повеќе доверба во Кремљ отколку во своите разузнавачки служби чии извештаи детално го документираат руското хакирање во демократските институции на земјата.

– Добив потврда од него (Путин) дека тие никако не се мешале во изборите, изјави тогаш Трамп.

Средба Путин – Трамп беше закажана и на собирот на Г-20 лани на 30 ноември во Буенос Аирес. Ескалацијата во Азовското Море, кога Русите запленија три украински воени бродови се случи пет дена претходно, поради што советниците на Трамп веднаш препорачаа откажување на средбата со Путин. Трамп тоа не го стори се до заминувањето, кога средбата беше откажана во последен момент. Но, на маргините на собирот, Трамп сепак имал краток разговор со Путин.

Во однос на повикот на Путин, од Белата куќа се уште немаат потврдено за некаков скорешен американско – руски самит или разговори по барање на рускиот лидер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он