Сите пожари во Нов Јужен Велс за првпат се под контрола

Од:

Сите шумски пожари во австралиската држава Нов Јужен Велс се под контрола за првпат од септември.

Руралната пожарна служба (РФС) истакна дека „оваа сезона на шумски пожари била многу трауматична и исцрпувачка“.

„По исклучително катастрофалната сезона на пожари како за пожарникарите така и за жителите, сите пожари во Нов Јужен Велс се под контрола што е одлична вест“, објави на “твитер” заменик директорот на “РФС” во Нов Јужен Велс, Роб Роџерс.

Врнежите што го погодија источниот брег минатата недела, им беа од помош на пожарникарите да ги изгаснат некои од најголемите пожари, вклучувајќи и два пожари што зафатија половина милион хектари земја.

Во Нов Јужен Велс во оваа сезона на пожари уништени се 5.4 милиони хектари земја. Загинати се 25 луѓе, вклучувајќи и шест пожарникари и уништени се 2.349 домови.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча