АНАЛИЗА: Сите позначајни достигнувања на Трамп од почетокот на неговиот мандат до денес

Од:

На изборите во 2016 година, кандидатот на републиканците Доналд Трамп, стана официјално 45-от претседател на Соединетите Американски Држави.

Победата над Хилари Клинтон, која беше претседателски кандидат на демократите, ја осигура откако во Висконсин освои 10 гласа од Изборниот електорат и со тоа го надмина прагот од неопходните 270 од вкупно 538 гласа од членовите на ова телокои му ја обезбедија претседателската функција.

На функција стапи на 20 јануари 2017 година.

Неговиот прв мандат завршува оваа година, се разбира доколку на изборите кои доаѓаат тој не ја добие поддршката од мнозинството на федерални држави т.е електорати.

Во изборниот систем на САД, не е важен бројот на освоените гласови туку во колку држави кандидатот победил, наједноставно објаснето.

Добро е да направиме преглед на сите негови достигнувања од почетокот на мандатот до денес.

Ова е листата на сите позначајни достигнувања на Трамповата администрација:

  • Реформирана и модернизирана армија (околу 2.2 трилиони американски долари инвестиција)
  • Историско и најголемо намалување на даноците
  • Реципроцитетни трговски договори
  • Создадени над 7 милиони нови работни места
  • Најниска стапка на невработеност споредено со претходните 50 години.
  • Рамномерна вработеност на сите етнички групи, како и рамномерна застапеност на жените.
  • Рекордна вработеност на младите
  • Реформата во областа на кривичното право е спроведена во легислативата
  • САД е прва по производство на нафта и природен гас
  • Над 12.000 нови фабрики се отворени
  • Заменет е договорот НАФТА со УСМЦА (врз основа на правен реципроцитет)
  • Наметнати се тарифи во трговијата на Кина
  • Зголемена е партиципацијата на НАТО членките
  • Создадена е вселенска одбранбена единица
  • Изградени околу 100 милји заштитна гранична ограда
  • Зголемена е негата за децата
  • Номинирани се двајца судии во Врховниот суд
  • Калифатот на ИСИС е уништен
  • Терористот Ал Багдади е мртов
  • Нов договор со Кина кој ќе го стимулира извозот на земјоделски производи од САД

Откако вчера Сенатот не го изгласа импичментот, Трамп се вбројува во листата на претседатели за кои се водела постапка пред Сенатот, но не било изгласано отповикување на претседателот.

Трамп најави дека предизборната кампања може да продолжи и како што кажа во своето обраќање „најдобрите денови допрва доаѓаат“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски