Сириските владини сили влегоа во бунтовничкиот град Кан Шејхан во Идлиб

Од:

Сириските владини сили, поддржани од нивните руски сојузници, доцна синоќа влегоа во најголемиот град што е под контрола на бунтовниците во јужната провинција Идлиб, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, пренесе ДПА.

По силното целодневно воздушно бомбардирање и копнено гранатирање, сириските владини сили успеаја да влезат во северните и источните населби на Кан Шејхун, откако бунтовниците се повлекоа од областа, соопшти Центарот, чие седиште е во Велика Британија.

Најголемиот град на југот на Идлиб, Кан Шеихун, се наоѓа на меѓународниот автопат М5 Алепо – Дамаск, а, исто така, минува низ Хомс.

-Ова е клучна победа за силите на режимот, изјави за ДПА директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Активистите објавија видео снимки на социјалните медиуми на кои се гледа како десетици гранати паѓаат врз Кан Шејхун и напишаа „силите на режимот ја следат политиката на преземање на копнената контрола врз села и градови“.

Абдел Рахман претходно неделава предупреди дека доколку владата го преземе Кан Шеихун, „бунтовниците во областа на северниот регион Хама ќе бидат во тешка позиција. Или ќе мора да се повлечат или да се борат до крајот, бидејќи ќе бидат под опсада “.

Претходно, вчера тројца цивили беа убиени, а 12 повредени во напад на турски воен конвој во северозападна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Центарот, исто така, соопшти дека сириските и сојузничките руски воени авиони ја нападнале областа каде минуваше турскиот воен конвој, принудувајќи го да запре во Маарет ал Нуман, во јужната провинција Идлиб.

„Режимот на Асад и неговите сојузници мора да го почитуваат прекинот на огнот во Идлиб“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус на Твитер.

„Денешниот непромислен воздушен напад врз турскиот конвој следува во екот на злобните напади врз цивили, хуманитарни работници и инфраструктура“, додаде Ортагус.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град