Џихадистите, меѓу кои и членовите на сирискиот исламистички фронт Ал Нусра, денеска ја презедоа контролата врз воената база Шеик Сулејман, во северниот дел на Сирија. Но, во базата не пронашле хемиско оружје ниту противвоздушни ракети.
– Ја контролираме цела база, целиот регион е под наша контрола, западно од Алепо се до турска граница, се е ослободено. Не е најдено хемиско оружје, ниту противвоздушни ракети, истакна командантот Абу Џалал, лидер на баталјон од Слободна сириска армија.
Бунтовниците претходно тврдеа дека во базата Шеик Сулејман има хемиско оружје. Базата, што е на околу 12 километри северозападно од Алепо, преземена е по неколку неделни борби.