Сириските авиони изведоа напади врз турскиот конвој во Идлиб

Од:

Сириските военовоздухопловни сили извеле воздушни напади врз турскиот воен конвој во провинцијата Идлиб, јавија турските медиуми.

Конвојот се движел во реонот на градот Хан Шејхун меѓу турските пунктови за контрола на зоната на деескалација.

Засега нема информации за настрадани.

Претходно сириското министерство за надворешни работи соопшти дека турски оклопни возила со оружје, ја минале границата и влегле во Саракиб, а крајна цел им е градот Хан Шејхун.

Во соопштението на сириското министерство овој најнов случај се оценува како „скандалозно турско мешање“, пренесоа руските медиуми.

„Непријателското однесување на турскиот режим нема да се одрази на сириската офанзива кон Хан Шејхун“, уверува министерството.

Претходно руските медиуми соопштија дека силите на Башар Асад под своја контрола ставиле граничен премин во северозападните делови на Хан Шејхун, а градот што е под контрола на терористите е опколен.

Провинцијата Идлиб е последниот бастион на терористите во Сирија. Неодамна во Нурсултан ( доскорешна Астана) се оддржаа преговори за деескалација на ситуацијата во регионот, а на 2 август во Идлиб во сила влезе и договореното примирје.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски