Сирискиот претседател ал-Асад со Указ ја укина функцијата Голем муфтија

Од:

Со Указ на сирискиот претседател Башар ал-Асад е укината функцијата Голем муфтија, кој досега ја претставуваше највисоката верска исламска власт во оваа земја, јави денеска агенцијата Сана.

Указот вчера стапи на сила, со што де факто е пензиониран шеикот Ахмад Бадредин Хасун (72), кој функцијата Голем муфтија ја извршуваше од 2004 година.

Неговите овластувања сега ќе ги преземе Исламскиот совет, тело под Министерството за верски прашања. Отсега Исламскиот совет ќе ги утврдува празниците според лунарниот календар и ќе дава мислења за верски прашања.

Сана не соопштува детали за причините за укинувањето на функцијата Голем муфтија, но одлуката е донесена по долгогодишни напори на Владата да го прошири надзорот над верските прашања.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град