Сириски генерал премина на страната на опозицијата

Од:

Началникот на сириската воена полиција дезертираше и премина на страната на опозицијата и бунтот против режимот на Башар Асад.

Во видео-запис на ЈуТјуб, генерал Абделазиз Џасим аш Шалал вели дека преминува на страната на бунтовниците бидејќи армијата веќе не ги почитува своите обврски да ја заштитува државата и убива и руши.

Извор од сириските сили за безбедност потврди за дезертирањето на генералот, но го намали значењето на случајот со образложение дека Аш Шалал и без тоа требало да се пензионира. Десетици генерали минаа на страната на опозицијата од март 2011 година кога почна бунтот. Аш Шалал е еден од оние со највисок чин.

Би можело да ве интересира

Сирија: Израел го нападна Дамаск

Сирија: Израел истрела ракети кон нас

(ВИДЕО) Војната меѓу Израел и Хамас се шири во Сирија

Американски Ф-16 нападнаа локации во Сирија поврзани со иранската Револуционерна гарда

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија

Орце Костов

Осум војници загинаа во Сирија во израелски напад