Сириската опозиција не постигна обединување на конференцијата во Истанбул

Од:

Кризата во редовите на сириската опозиција се продлабочи откако на либералниот блок, поддржан од Западот и голем број арапски земји, му беше предложено само симболично претставување во Сириска национална коалиција, во која доминираат исламисти.

На изненадување на западните и арапските земји, што одблизу ги следат четиридневните преговори на сириската опозиција во Истанбул, либералниот опозициски блок, што се очекуваше да добие 22 места во 60-члената коалиција, доби понуда за само пет места, соопштија извори од коалицијата.

Со тоа Сириската национална коалиција останува под контрола на фракција, верна на поддржаниот од Катар генерален секретар Мустафа ал Сабах и доминирана од Муслиманското братство.

– Разговаравме за 25 имиња во текот на преговорите и се договоривме за 22, но потоа бројот се намали до 20, 18, 15 и на крајот на пет. Сметам дека немате желба за соработка и не саката да ја прифатите нашата подадена рака. Ви посакуваме се најдобро,  изјави лидерот на либералниот блок Мишел Кило пред членовите на комисијата.

Извор од либералниот блок изјави дека за неколку часа ќе се донесе решение дали неговите претставници ќе ја напуштат конференцијата.

Портпарол на Сириска национална коалиција изјави дека резултатот од преговорите е демократски и дека прашањето за проширување на коалицијата ќе биде подоцна разговарано.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски